Ангел Стојкоски актуелен во Охридско-Струшкиот регион

Зад себе има четири авторски песни, а подготвува и самостоен албум. Покрај снимањето нови песни, Ангел Стојкоски во моментов е зафатен со свадбени прослави и разни семејни веселби.

Ангел Стојкоски кој потекнува од Струга, важи за доста млад музичар кој цврсто чекори на македонската сцена. Работи со полна пареа периодов, а покрај снимањето на нов материјал тој е ангажиран на бројни веселби најчесто во Охридско-струшкиот регион.

-Сега настапувам повеќе на свадбените веселби, крштевки како што ни е нашиот период. А за наредно каде ќе се наоѓам јавноста ќе биде известена преку социјалните мрежи.-истакна Ангел, за естрадниот магазин “Естрада плус”.

Ангел соработува со голем број музички имиња од естрадата, а најповеќе ја истакнува соработката со група Зарина, со кои што често настапува периодов.

-Сега соработувам со група Зарина, а си имам и своја екипа, но бендот сеуште нема име па ете го кажав новото изненадување, ќе оформам мој бенд и ќе работиме заедно за да ги задоволиме нашите гледачи.-додава тој.

Деновиве, Ангел ја промовираше неговата четврта по ред авторска песна која носи наслов “Две сестри”. Песната ја претстави заедно со спот, кој што го изработи ИН Продукција, а се снимаше во Струга и Вевчани.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*