Неговите четири ќеркички го прават исклучително горд татко

Неговите четири ќеркички го исполнуваат во целост и за него претставуваат место и оска на движење. Гоце Петрески Бананата отворено кажува за авинитетите кои ги пројавуаат неговите деца, кои пред се се поврзани со музиката.

-Сите се надарени, да речам не се со пеењето толку колку со играњето, модерни танцови. Втората ќерка, бидејќи имам четири па морам на број да ги кажувам, таа идниот месец заминува во Америка и во Куба ќе биде таму еден месец. Доста се успешни. Исто така надарени се сите за цртање. Најстарата ќерка ми е моден дизајнер, цртањето и е наследено од моја страна и доста успешна е во тоа, истакнува Гоце.

Секако најголемата поддршка Гоце ја добива и од својата сопруга, која буквално стои позади него во секоја негова реализација. Неодамна Гоце при гостувањето во ИН продукција за време на неговиот престој во Македонија ја промовираше новата песна која е насловена “Клеопатра” а деновиве се промвираат и неговите кавер песни кои ги препеа и преобработи а важат за негови најголеми хитови кои ги отпеа во 90-те години.

Гоце за краток временски интервал ќе го промовира и својот нов албум, кој веќе е готов.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*