“Ајде бато” од Елена Јовческа привлече големо внимание кај јавноста

Постојано работи на нешто ново. Елена Јовческа за само краток период сними три спота, од кои еден за дует песна со Далибор Ѓошиќ. Во  интервју за ИН ТВ, Елена ни раскажа како помина снимањето за песната“Ајде бато”.

Фолк пејачката Елена Јовческа, периодов работи доста напорно. Таа пред извесно време сними спот за дуетската песна со Далибор Ѓошиќ, која носи наслов “Љубовта не родила”, а доказ за тоа дека вредно работи се и нејзините два спота, за песните “Не ме допирај” и “Ајде бато” каде што Елена се појавува во доста атрактивно издание. При интервју за ИН ТВ таа ни пренесе дел од атмосферата за време на снимањето на спотот за “Ајде бато”.

ас искрено морам да кажам дека навистина се изненадив затоа што многу добро ја прифатија песната. Сакам да се заблагодарам на сите оние кои што беа дел од спотот. Можам да ви кажам дека додека се снимаше видеото имаше доста убави моменти, пеевме, се забавувавме. Имавме танчерка и во еден момент кога излезе таа пред камерата и започнавме со снимање, ги забележав како сите со своите телефони ја снимаат танчерката. Викам алоо ние снимаме, вие сите на танчерката и така навистина беше доста интересно.-раскажува Јовческа за естрадниот магазин “Естрада плус”.

Елена има големи очекувања од песната “Ајде бато”, а радува фактот што за овој краток период откако ја промовираше заедно со спотот, песната веќе ја бараат на нејзините настапи.

-Песната е доста весела и мислам дека веќе се проби. Јас дури се изненадив, на еден мој настап, пеев на матура и ми пријде таткото на матурантот и ми вели Ајде Бато…И јас викам Ајдее.-додава пејачката.

Јовческа тука не запира. Веќе за следниот период најавува уште многу изненадувања за нејзината публика.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*