Авторско- музичка вечер со Гоце Џуклески и пријателите, 40 години музичко творештво

Четири децении од својата успешна хармоникашка кариера престојниов викенд ќе одбележи познатиот охридски хармоникаш маестро Гоце Џуклески. Настанот е именуван  “Авторско-музичка вечер со Гоце Џуклески и неговите соработници”, а ќе се одржи на 14 јуни во неговото родно Лескоец.

-Закажан е терминот за 14 јуни во Домот на културата во Лескоец. Влезот ќе биде слободен. Ќе ми биде драго што повеќе луѓе да дојдат, ќа имам повеќе гости, меѓу другите треба да присуствуваат Сузана Спасовска, Милица Кузмановска, Сашо Ливрински кој што е и автор и аранжер. Со него соработувам долги години наназад, на моја музика тој создава аранжмани. Тука е мојот братучед Мирко Вретовски, Ѓоко Дичоски, па мојот внук Наум Џуклески, ќе биде присутен и Кирил Белистојаноски, групата Екстра бенд од Битола, па едни млади момци кои што се одлични инструменталисти Владимир Велковски и Мајкл Карадаковски од Велес, истакнува Гоце.

Љубовта кон музиката ка Гоце најверојатно се јавува за време на неговите студентски денови во Скопје, додека студирал на Факултетот за безбедност, тој станува активен членна Академското културно-уметничко друштво “Мирче Ацев”, со кое учевствува на бројни концерти и фстивали надвор од нашата земја. Од тогаш до денес има издадено голем број авторски дела, кде според стручната музичка јавност се одликува со изградена музичка перцепција и индивидуалност, со оригиналност и логичност во креирањето на музичката мисла.

Секако целиот негов труд е многупати наградуван, на бројните негови настапи и фестивали. Во моментов работи на подготовка на четвртото издание на книгата насловена “Македонски ороводни ноти” заедно со својот колега Сашо Ливрински. Во збирката ќе бидат поместени околу 60тина авторски ора на Гоце Џуклески, а со тоа неосмнено уште еднаш ќе се потврди оригиналноста во градењето на еден препознатлив сопствен музички израз, каде што доминира кристално чистата музичка мисла и интерпретација.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*