Црквата Света Недела во Голд Кост привлекува голем број туристи од сите делови на светот

Сместен во најелитниот луксузен предел во далечната Австралија, православниот храм посветен на Света Недела во Голд Кост мами голем број посетители. Помеѓу другото оваа преубава црква е посетена и од македонците кои ги има во полам број на ова место, но сепак не изоставуваат да бидат дел од секоја редовна богослужба , како и поголем верски македонски празник.

-Доста туристи ја посетуваат црквата, во последно време. Нашата цел е да ги привлечеме сите туристи, да ги запознаеме дека црквата е отворена. Имаше доста голем број на верници за Божиќ и за Велигден и тоа што не радува нас како управа, е дека секој поголем празник има се повеќе верници што покажува дека одиме на правиот пат, истакнува Лазар, претседател на црковниот одбор.

Со оглед на тоа што празникот посветен на Света Недела се празнува во летен празник во Македонија истото се случува и во далечниот Голд Кост, каде и таму се одбележува на температури од над 25 степени Целзиусови, со оглед на климата која ја има ова место.

-Имаме голема посетеност, доста луѓе доаѓаат на тој ден и од другите заедници и со тоа ја одржуваме да речам нашата македонска традиција. Соработуваме беспрекорно и со други заедници се понудија да ни помогнат ако има некои проблеми за нашата црква да опстојува, но еве со Божја помош застанавме на здрави нозе, додава Лазар.

Како што појаснува Лазар во рамките на црквата се реализираат и некои проекти кои се со обележана временска рамка. Кога ќе ги исполниме сите тие цели кои ги бара општината Голд Кост, ќе се насочиме во некои подруги задачи, каде се надевам дека доста туристи ќе ја запознаат и нашата македонска традиција и религија, додава Лазар.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*