Каква тајна крие Тозовац во својот прекар?

Тој е еден од најпопуларните фолк пејачи бе само во Србија, туку и во регионот, кој со децении опстојува прераснувајќи во вистинска легенда.

Неговото вистинско име е Предраг Живковиќ,многу попознат по прекарот Тозовац. Композитор, текстописец, хармоникаш и пејач уште од мали нозе. Талентот го наследил од татко му Светозар, пред втората светска војна исто така познат хармоникаш, кого сите го знаеле како Тозо. Затоа подоцна и тој го земал како свој прекар. уште кога имал 4 години родителите забележале дека има слух за музика и фат за хармоника, која веќе на 10 годишна возраст ја свирел по свадби.

И тогаш доаѓа војната и страшната трагедија која ќе му го обелележи не само детството туку и целиот живот. неговиот татко фашистите го стрелаат во 1941 година со уште неколку илјади граѓани на Краљево. Тозовац останува сираче за кое неговата мајка Будимка лавовски се бори да го исчува.

Неговата голема популарност почнува во 1971 година, а веќе следната ја снима песната „Јеремија“, која социјалистичката власт, да биде иронијата поголема, ја прогласува за „четничка“. Принуден е да ја напушти земјата и заминува во Германија. По враќањето дома, властите му го одземаат пасошот!

И покрај се останува да биде миленик на публиката и продолжува да пее до последните денови.

Познат е по големите хитови „Влајна“, „Тражиќу љубав нову“, „Јесен у мом сокаку“, „Мирјана“, „Ти си ме чекала“, „Виолино не свирај“, „Овамо Цигани“, „Очи једне жене“, „Празна чаша на мом столу“…

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*