Влатко Миладиноски најави телевизиска промоција на третиот албум

Комплетиран е третиот по ред албум од познатиот фолк пејач, Влатко Миладиноски. На албумот се неговите хитови од последните шест-седум години. Тука се “Жени ме мамо”, “Се за тебе Софке”, “Ај да ојме Јано” , а носечка песна на албумот е “Велат не нема”.

Еден од најпознатите македонски пејачи, Влатко Миладиноски, го комплетира неговиот трет албум, во кој што се собрани сите негови хитови од последните шест до седум години. Албумот е насловен “Велат не нема”, по големиот хит на кој што ниту еден македонец не би останал рамнодушен, а истиот беше промовиран пред македонската публика во Австралија, во текот на неговата неодамнешна турнеја.

-Таму не направив официјална промоција, но секако дека луѓето можеа да стигнат до тоа мое цд, трето по ред. Насловено е Велат не нема, односно таму се собрани сите мои песни во овој период. Беше малку подолг од шест или седум години од вториот албум. Тука се Жени ме мамо, Се за тебе Софке, Ај да ојме Јано.-истакна Миладиноски.

Влатко при интервју за ИН ТВ најавува дека албумот во најскоро време ќе биде промовиран и пред публиката во Македонија.

-Сега веќе овој период подготвувам и телевизиска промоција во Македонија за истиот тој албум. Пред да продолжиме да снимаме нови песни, да го заокружиме овој досегашен труд па да продолжиме понатаму.-вели тој.

За следниот период, Влатко најавува снимање на нов материјал.

–Одамна веќе имаме планови, имаме нови песни кои што треба да се сработат, ќе објавуваме песна по песна и секако дека работиме на нешто ново.-додава за гледачите на ИН ТВ, Влатко Миладиноски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*