Драган Матески се повеќе се јавува како текстописец на новите македонски песни

Последниов период во макдеонската музичка текстописечка ризница се повеќе се вбројува и Драган Матески. Гостиварчанец кој долги години е член на групата “Фаворити” но се повеќе привлекува внимание на пишувањето текстови за голем број музички имиња. Како што и самиот стакнува тој постојано при себе има готови текстови кои може да ги понуди.

-Нови некои песни има за еден колега на “Лешок фест”, таа е готова само не е снимена. Два-три текста во моментов ми се готови и се работат. Во следното гостување со задоволство ќе ве информираме повеќе, истакнува Драган.

Што се однесува до  бројните работни ангажмани на групата “Фаворити” Драган истакнува дека нивните постојани натапи се речиси секој викенд, како што вели од првиот ден на Велигден.

-Искрено, од првиот ден на Велигден имаме договорено настапи и скоро секој викенд, најчесто саботите се со работни ангажмани по свадбени свечености. Има периоди настапуваме и на некои празнични настани, концерти што се организираат по повод некој празник а ние гостуваме, истакнува Драган.

Помеѓу другото Драган даде и позитивна критика за неодамна изработените кавер песни во соработка со ИН продукција, за како што рече наишле на добар одзив пред публиката. Успеавме добро да испромовираме дел од тоа што ние го работиме, додава Драган.

Планираат во текот на ова година да направат уште еден блок на такви кавери.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*