Членовите на”Црешово топче” секој слободен момент го користат за најблиските

Македонските музичари периодов се доста зафатени со настапи и работни ангажмани. Повеќето од нив и немаат доволно време за своите најблиски. Од групата “Црешово топче” велат дека колку што можат гледаат слободното време да го поминат со нивните семејства.

Општо е познато дека животот на сите музичари е многу напорен, бидејќи повеќето денови ги минуваат работно со ангажмани, па доста често се отсутни од дома. При разговор со членовите од групата „Црешово топче“, дел од нив раскажаа колку е тоа тешко, но велат дека секој слободен момент го користат со нивните најблиски личности.

-Бројни настапи имаме секако, посебно сега пролетниот и летниот период имаме многу настапи и отсуствуваме често од дома. Имаме реакции од нашите фамилии дека не сме присутни, меѓутоа сме се определиле по еден пат кој што треба да го одиме и ќе го одиме, горди сме на тоа што го правиме. Ни даваат поддршка, но во секој случај им недостасуваме. Да им се извиниме на сите наши блиски личности, но сме одлучиле да одиме по тој пат и ќе одиме.-истакнуваат од групата.

Како што велат, периодов веќе имаат поголем број ангажмани, а секако тоа се должи и на поголемата застапеност на телевизиските екрани и снимањето на проектите во соработка со ИН Продукција.

-Одиме во нагорна линија, веќе имаме повеќе настапи, поголема побарувачка за фамилијарни веселби, свадби, крштевки. Се надевам дека успешно одговараме на сите барања кои ги имаат гостите и секако дека сме повеќе барани и имаме повеќе настапи, работа и ангажмани.-додаваат членовите на “Црешово топче”.

Оттаму истакнуваат дека веќе добиле и неколку понуди за настап надвор од нашата земја, поточно во Австралија, но сеуште немаат одлучено кога ќе заминат. Секако доколку се склучи таков договор, јавноста ќе биде благовремено известена преку сателитската ИН ТВ.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*