Група Фаворити од Гостивар со песна за “Макфест”

За настап на годинешното издание на Макфест, конкурираат и група Фаворити од Гостивар со нивна авторска песна. Резултатите се очекува да излезат во најскоро време.

Група Фаворити од Гостивар со нивна авторска песна конкурираат на Макфест. На фестивалот биле пристигнати околу 70-тина композиции, па го чекаат второто преслушување на истите.-открива Драган Матески, член на групата.

-Ние оваа година како новитет, испративме наша тема на МакФест. Имало прво преслушување, пристигнати биле 70 композиции, поминало првото преслушување и не се објавени резултати бидејќи ќе има и второ преслушување. За жал со Блаже го испуштивме рокот, но за следната година ќе конкурираме. А тука се и Охридските трубадури, па може во фолк или поп верзија да се направи нешто.-вели тој.

Драган, при гостувањето во ИН Продукција истакна дека резултатите сеуште не се објавени и дека наскоро ќе информираат дали ќе настапат на овој фестивал.

-Ова беше последниот мој авторски текст, музиката ја направи Златко. Кога ја слушнавме навистина ни се допадна и Горан ја отпеа во студиото на Лазар Цветкоски. За аранжманот ни помогна Гоце Симоноски и ја испративме. Тие требаше во април да објават резултати, но сеуште не се објавени.-додава Матески.

Покрај на овој фестивал, Драган вели дека можеби ќе настап и на Лешочкиот фестивал кој секоја година традиционално се одржува во Тетовскиот регион.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*