Група “Далги” со новитети на музичката сцена

Една нова песна и две авторски ора промовираа членовите на групата “Далги” во студиото на ИН Продукција. Очекувањата се истите да бидат добро прифатени од публиката.

Охридската група “Далги” во студиото на ИН Продукција ги промовираа нивните најнови музички дела. Станува збор за нивната нова авторска песна која носи наслов “Маре мори” и двете ора насловени “Ангелина двојка” и “Еленина фантазија”. Двете ора се авторски дела на хармоникашот на групата Зоран Јанкоски.

-Снимени се уште во 2007ма година, но ги чувавме во нашата ризница. Имаме и друг материјал, но ги одбравме овие две за промоција во студито на ИН Продукција.-вели Јанкоски.

Нивните очекувања се и песната и ората да бидат одлично прифатени од јавноста, посебно од нивната публика во Охридско-Струшкиот регион.

-Очекуваме добра прифатеност, бидејќи постарите генерации сигурно не знаат на овој терен Охрид-Струга и пошироко. Бевме една од побараните групи. Се надевам дека одзивот ќе биде на високо ниво и и имаме план да бидеме што поприсутни на медиумите.-додава Дончо Бујароски.

Веќе за следниот период подготвуваат една фестивалска песна за Гоце фест, но и нов материјал кој ќе се најде во нивното ново заедничко цд.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*