Патриотска, но и една заводлива песна најавува Зоран Ванев

Зоран Ванев подготвува нов материјал со кој што сака да допре до нашинците во дијапората, но и до малку подзаборавената публика на балканските простори. 

Патриотска песна за нашите македонци кои што се наоѓаат во дијаспората, најавува познатиот пејач Зоран Ванев. Секако, тој не ја заборава ни српската сцена па подготвува нешто ново и заводливо за тамошната негова публика.

-Спремам нешто ново. Мислам дека една македонска патриотска песна морам да направам поради овие случувања тука во дијаспората. Малку на поразличен начин да го спојам народот, поинтелигентно, отколку да фрламе со камења ваму или таму. А, за српската сцена ќе направиме нешто доста интересно, кое што ќе биде многу заводливо и нешто културно. Едната ќе биде за слушање, а другата за забава. Се ќе биде со план и цел.-истакна Ванев, ексклузивно за естрадниот магазин “Естрада плус”.

Зоран е сеуште доста популарен на балканските простори, a неговите големи хитови како Јужна пруга, Лила, Моника итн. сеуште се пеат дури и од помладата популација. После подолгата пауза таму, ветува нов материјал за скоро време.

-Јас можам да се снајдам било како, немам проблем, сите ми ги отвораат вратите без никаков проблем, меѓутоа како што кажав доста долго време од 7-8 години немав снимено нов материјал и немав со што да се појавам и што да презентирам. Затоа нормално тие гледаат се она што е актуелно да го презентираат, но сега со новите песни ќе привлечам поголемо внимание. Па ќе видиме, сега секако сме во преговори околу Новогодишните празници и ќе видиме што ќе биде, да не откриваме многу што и како.-додава тој, при интервју за ИН ТВ.

Зоран вели дека ќе остави времето да си го каже своето, а за сето она што ќе биде ново јавноста ќе биде благовремено известена преку социјалните мрежи.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*