Стојне и Бобан и покрај бројните настапи одделуваат време за зимски и летен одмор со семејствата

Тие се во постојани настапи буквално низ целата наша земја, може да се каже дека се едни од најбараните во бројните угостителски објекти низ Македонија. Младата струмичанка Стојне Николова и Бобан Мојсоски важат за господари на кафанските свирки низ земјава. Покрај тоа тие наоѓаат време и да создадат бројни музички новитети. Во периодов кој следува нивните работни ангажмани се на максимално ниво.

-Летото доаѓа, нашинциве ги чекаме за свадби. За септември имаме една најава за Турција. Имаме уште една најава, меѓутоа не е дефинирано уште за Америка за Нова година, сепак здравје, истакнува Бобан.

За одмор им преостанува многу малку слободно време,но сепак гледаат таа прилика максимално да ја искористат.

-Ќе има одмор. Првиот одмор го направивме во јануари, односно на почеток на февруар. Бевме малку на планина на скијање, сега планираме на почеток на јуни да биде, пред да почне онаа централната сезона. Десетина дена да се одмориме , да се релаксираме. Ќе видиме кој, каде. Дали Турција, Грција, Црна Гора сеуште сме во планови кој каде. Ние со фамилијата, Стојне со нејзината фамилија и така , додава Бобан.

Во периодов кој следува Бобан веќе го најави новиот албум од Стојне, кој ќе биде прв самостоен авторски насловен “Мелем за душа” , како и промоција на нејзината нова песна “Спремај мајко дарови”.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*