Оркестар Маестрал најавуваат иселенички забави за летниот период

Членовите на Оркестар Маестрал сеуште се под импресии од нивниот јубилеен концерт кој што се одржа претходната година. Тие велат дека летниот период меѓудругото ќе го искористат и за иселенички забави со кои што повторно ќе ги соберат нашинците кои ќе бидат во родниот крај ова лето.

Битолскиот Оркестар Маестрал минатата година одржаа спектакуларен јубилеен концерт со кој што одбележаа 30 години постоење. На концертот присуствуваа голем број нивни пријатели, колеги и музички соработници, а членовите сеуште се под импресии од истиот и сеуште добиваат позитивни коментари од  јавноста.

-30 години јубилеј славевме во Битола со голема бројка на гости, тоа за нас беше прекрасно. Имаше многу наши обожаватели, медиуми и се надеваме дека 35 и 40 години ќе славиме повторно во Битола заедно во ист состав.-истакна Александар, еден од членовите на Оркестар Маестрал.

Покрај многубројните ангажмани, тие за летниот период планираат да организираат повеќе иселенички забави со што ќе ги соберат сите македонци од дијаспората кои што ова лето ќе ја посетат родната земја Македонија.

-Во летниот период има иселенички и илинденски забави на 1-ви август во Битола. Ги покануваме сите коишто сакаат добра музика и забава да бидат гости. А овој период, после Велигден до крајот на месец декември сме ангажирани со фамилијарни веселби и тоа ни е главна преокупација.-додава тој, при неодамнешното интервју за ИН ТВ.

Битола, Прилеп, Охрид, Кичево, се градовите каде што Оркестар Маестрал се најбарани, но нивната музика е доста барана и во останатиот дел од земјава.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*