“Црешово топче” најавуваат дует со познат пејач

Пред месец и пол промовираа два видео записи, периодов работат на снимање нов материјал, а имаат во план да издадат и нивно цд. Од групата “Црешово топче” најавуваат дует со познат пејач од македонската естрада.

Во периодот кој што следува, членовите на групата “Црешово топче” имаат бројни ангажмани и активности. Годинава за нив ќе биде исполнета со снимање на нови песни, а деновиве се подготвува и дует со познат македонски пејач.

-Во иднина, групата Црешово топче” има во план да исполни бројни активности. Имаме нова песна која што е во подготовка, а ќе биде дует со наш познат пејач. Повеќе детали ќе откриеме понатаму, кога ќе биде завршена истата. Се надевам дека промоцијата ќе ја направиме овде, во ИН ТВ.-истакнаа од групата, при гостувањето во ИН Продукција.

Членовите на групата во моментов подготвуваат и преработки на стари македонски песни, кои што ќе бидат во нивни аранжман и изведба. Тие велат дека годинава ќе бидат доста посветени на снимање нов материјал, а за следната најавуваат настап на некој од фестивалите кои што се одржуваат во нашата земја.

-Во однос на фестивалите се надевам дека наредната година ќе настапиме, бидејќи оваа година работиме на други активности и наши нови песни. Но на фестивалите се надевам другата година. Засега одиме на преработка на стари македонски песни и новокомпонирани коишто веќе ги работиме.-откриваат од “Црешово топче”.

Како што велат во нивниот регион, Крушевскиот, уште од многу одамна се слушала македонската песна, а тие како поддржувачи ќе продолжат да ја негуваат и во иднина со цел зачувување на истата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*