“Класико бенд” во преговори за кратка турнеја во Германија

Познати се во тиквешкиот регион особено со музиката која ја негуваат а буквално знаат да оствират се. “Класико бенд” во периодот кој претстори се со полни раце работа. Тие се барани речиси насекаде како во родното место , тиквешкиот крај, така и надвор од нашата земја.

-Во преговори сме за настап за Германија во блиска иднина, очекуваме само да ни потврдат од таму. Песните се доста често барани во дијаспората, бидејќи имаме нашинци таму. Затоа и работиме ние и за нив и за сите нас, истакнува Чеде.

Како што истакнуваат од “Класико бенд” престојниов период нивниот работен ангажман е на максимално ниво и имаат полна работна агенда.

-Резервирани сме од месец мај па се до декември, претежно на свадбените прослави и приватни забави, додава Чеде.

Неодамна “Класико бенд” снимија нов музички видео проект со одбрани македонски кавер песни, во соработка со ИН продукција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*