Виктор Јошески најавува снимање на нови инструментални дела

Мадиот музичкии виртуоз на хармоника Виктор Јошески кој неодамна го промовираше своето првенче, инструменталката “Кривогаштанско оро” најавува дека и понатаму ќе создава и твори нови инструментални ора на својата хармоника. Виктор долги години го свири овој инструмент, како што вели од неговата тринаесетта година и нема да се откаже од тоа.

-Имам неколку ора што треб да ги снимам. Настапувам со придружба на моуте колеги, член сум во групата “Мелос” , Маријан Ртоски-клавијатура, јас на хармоника, Славчо Костадиноски-тапани и Пеце Стојчески на дувачки инструменти, истакнува Виктор.

Помеѓу другото Виктор заедно со групата “Мелос” бележат настапи и надвор од нашата земја, најповеќе низ европскиот дел, а секако барани се и во приелпскиот и битолскиот крај на бројните свадбени и семејни свечености.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*