“Црешово топче” задоволни од двата видео записи

Пред месец и половина крушевската група “Црешово топче”ги сними двата видео записи за “Една Марија” и инструменталката “Фанки 9”. Тие се презадоволни од досегашната успешна нагорна линија по која се движи групата, како и бројните работни ангажмани.

-Точно пред месец и половина снимивме два нови видео записи за “Една Марија ” и инструменталката “Фанки 9”. Многу сме изненадени и многу добро сме прифатени од публиката, барем од досегашните реакции кои ги добиваме. Задоволството е уште поголемо бидејќи соработуваме со вас и се надевам дека таа соработка ќе продолжи, истакнува Васко од групата.

Како што додаваат од групата, песната “Една Марија” веќе е доста барана и на некој начин се обнародува од страна на публиката.

-На нашите свирки редовно ја пласираме и на некој начин и слушателите и присутните и гостите почнуваат и да ја бараат и уште поголемо е задоволството бидејќи сме сработиле добар проект, додава Васко.

При гостувањето во ИН продукција “Црешово топче” реализираа уште две песни. Станува збор за преработка на два македонски кавери за песната “Милице” како и “Свадба галичка”.

Во следниот период групата најавува снимање и на нови авторски песни, како и творење материјал за издавање на едно ново ЦД.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*