Зоран Ванев открива која песна му лежи на срце

Зоран Ванев при интервју за ИН ТВ открива која од неговите песни најмногу му лежи на срце. Освен тоа, во најскоро време ќе ја изненади публиката со нови песни, едната патриотска, а другата како што вели тој ќе биде заводлива.

Низ сите овие години, уживавме во бројни негови хитови. Зоран Ванев важи за еден од најпознатите пејачи како во Македонија, така и надвор од нашите простори. Тој е доста познат и кај нашите во дијаспората, а тоа го докажуваат и преполните сали на неговите концерти. При неодамнешното интервју за ИН ТВ нашата екипа го запраша која од сите негови песни му лежи најповеќе на срце. Еве го неговиот одговор.

-Од македонските песни ќе ја издвојам Ангела која беше вистински бум, песна која ме подигна во небото, тогаш уште кога бев дечко од 21-22 години. После тоа дојде Ако бевме заедно, Душо моја жал ми е, има доста добри песни кои што можеби треба еден ден да ги обновам, а од Интернационалната музика Јужна пруга, остави голема трага и до ден денес се пушта низ цел свет каде што се слуша балканска музика. Лила се пушта, Моника, Танга, Бања Лука, значи доста хитови. Има пејачи во Србија кои долго пеат, а немаат толку хитови колку јас што направив со два или три албума. Каде и да одам луѓето до ден денес ги пеат, тоа е навистина еден печат на еден пејач дека знае да одбере и отпее песна.-истакна познатиот пејач, за гледачите на ИН ТВ.

Зоран открива дека во следниот период ќе ја изненади публиката со убава македонска патриотска песна, со која што ќе се обиде да ја спои публиката во дијаспората. Покрај тоа подготвува песна за српската сцена, а за неа вели дека ќе биде доста интересна и заводлива.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*