Елизабета со паралела каков правец имаше музиката пред дваесетина години и сега

Повторно се врати во својата земја но овојпат со постојана адреса во Скопје и како што вели секоја прилика ја користи да го посети Охрид. Елизабета Јосифовска долг временски период помина во Охрид каде бележеше бројни настапи пред дваесетина кога и го отпеа нејзиниот голем хит “Ем го мразам,ем посакувам”.

-Тука сум, да во Македонија. Сега живеам во Скопје, меѓутоа Охрид не го оставам. Секој мој слободен момент доаѓаме тука во Охрид. Спроведуваме време со моите најблиски тука. На релација сум Македонија –Америка, а Австралија малку ќе причека, истакнува Елизабета.

Запрашана за тоа како течеше музиката и настапите во нејзините музички почетоци,како и тоа што е изменето од тогаш до сега, Елизабета истакнува:

-Мнгу работи се изменет и стилот на песните на пеењето. Години поминаа сега што ги гледам новите пејачки имиња, многуте не ги познавам, меѓутоа убаво е кога ги има во многу поголем број, така да може да се најде и квалитет. Баш ми е драго да можам да слушам нешто убаво ново. Музиката мора да оди и напред. Сменети се многу работи во тие така наречени тезгарења, истакнува Елизабета.

Таа со новиот видео запис за старата хит песна кој го промовира во периодов на големо ја најавува својата повторна музичка кариера во естрадата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*