Гоце Петрески: Австралиската дијаспора е во постојан контакт со македонската песна

Многу добро е познато дека македонската песна е многу повеќе слушана во далечната Австралија кај македонците од оваа далечна дијаспора. Токму тоа го потврди и познатиот Гоце Петрески Бананата при неговото неодамнешно гостување во ИН продукција, каде истакна дека поврзаноста преку ИН е токму вистинската насока за тие да бидат во постојан тек со бројните музички новитети од македонската сцена.

-Последнве години морам да речам дека македонската песна многу се слуша и почитува. Еве и концертите од доста мои колеги кои доаѓаат таму се доста успешни. Луѓето сакаат да слушнат убава музика. Благодарение и на медиумите има доста гледаност. Така да интересот заживува таму уште повеќе и тоа ме прави пооптимискитчки да гледам на нашата музика во толкава далечина да гледам и живее македонската музика. Покрај македонската музика живееме и ние како музичари , посебно јас кој долги години сум во Австралија и морам да речам сум презадоволен од нашинците таму што уште ја сакаат и тоа нас ни прави едно место каде што можеме да го работиме, тоа што господ ни дарил да го работиме, истакнува Гоце.

Конецијата е постојана со оглед на се побрзата комуникација и интернетот, најповеќе дигиталната информација. Пробувам тоа што се креира ново да биде во тренд со она што се случува сега, вели Гоце.

-Активни сме исто како да сме тука. Доаѓам и често во Македонија , знам што се случува и новитетите што излегуваат тука се слушани таму, значи луѓето се во тек со тоа, што се случува овде, додава Гоце.

Гоце при неговото гостување во ИН продукција ја промовираше својата нова песна која е насловена “Kлеопатра” а деновиве го промовира и својот новитет кој го најави , а станува збор за видео кавери од неговите безвременски големи хитови.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*