Преголемата љубов кон музиката ги спои во едно членовите на група “Балканика”

Поголемит дел од нашите естрадни уметници не ретко музиката им е втора професија. Таков е и случајот со прилепската група Балканика. Членовите од оваа група при интервју за ИН ТВ ни открија дека и покрај различните професии и дејности музиката е таа која ги спојува. На нашето прашање дали музиката е единствена преокупација тие одговорија:

-Мене музиката ми е единствена преокупација, јас сум професор во основно музичко училиште предавам народни инструменти. Роберт е професор по Македонски јазик, Димитар кој ни е најмлад е студент исто така на музичка академија, а останатите членови се занимаваат со други дејности. Но сепак музиката не спојува, истакнува Менде член на групата

Роберт кој е вокал во групата Балканика кој воедно е и лингвистичар, ни открива од каде ја добил љубовта кон музиката и како успешно ги спојува овие две сосема различни професии.

-Па сите јазичари, лингвисти се во глобала и добри слухисти, добри оратори, добри говорници. Мојот дедо бил гајдаџија многу години, од тука доаѓа генот поврзан со музикалноста во мене. Дојде до моментот и прилика да се приклучам на група Балканика и да бидеме денес еве кај што сме

Низ разговорот Роберт открива дека во иднина може да се појави како текстописец на некоја авторска песна. Да напоменеме дека пред извесен период група Балканика снимаше видео музички  проект во соработка со ИН Продукција.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*