Гоце Петрески Бананата со преработка на големите хитови од пред дваесет години

Постојан е во своите работни музички ангажмани и речиси нема запирање кај него. Гоце Птерески Бананата како што ја започна годината со нов дует така ја продолжува својата работна константа. При неговото гостувањ во ИН ја промовираше и новата песна “Клеопатра” а како што најави за преработките веќе деновиве ги промовира и нив.

-Пред кратко време снимив и неколку кавери од моите поранешни песни што ги имавме направено со групата “Опус” како соло пејач. Ги направивме со помош на еден мој драг колега Марче од групата “Кисми”. Така во една домашна атмосфера, акустично и така беше како неколку сплетчиња. Чисто тоа беше за наша душа и така луѓето да ги потсетиме малку на некои стари песнички и што во тоа убаво време се помина со тие песни. Убаво беа прифатени, па се надевам дека ќе има гледаност и слушаност тој проект. Направивме и видео записи на тие песни. Се снимаше додека го свиревме тоа во живо, истакнува Гоце.

Преубавите хит рефрени од Гоце кои на еден магичен начин се испреплетуваат преку свирењето на клавијатурите од негова страна, ретко кого би оставиле рамнодушен, особено повозрасните кои на некој начин најубавите години ги поминаа токму со овие големи хитови.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*