Се скараа Дуа Липа и Рита Ора

Албанските пејачки Дуа Липа и Рита Ора веќе не разговараат, пишуваат британските медиуми. Двете девојки, кои одеа заедно во училиште во Лондон, се скараа, но засега не ја откриваат причината. Дека не се во добри односи, се забележа на „Мет Гала“ во Њујорк пред два дена кога двете избегнуваа да се сретнат.

„Тоа е штета знаејќи колку тие две беа блиски и дека Дуа постојано раскажуваше колку ѝ се восхитува на Рита“, изјави нивен заеднички пријател за „Сан“.

Во јавноста кружат гласови дека девојките не разговараат затоа што Липа во моментот е малку поуспешна од својата колешка, па Ора ѝ се налутила прва.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*