Две нови инструменталки од саксафонистот Ице Атанасовски

 

 

 

Познатиот саксафонист Ице Атанасовски, деновиве во ИН продукција ги промовираше своите две нови музички дела. Станува збор за двете инструменталки кои се насловени “Инструментал са-са” и “Тунта чочек”. Двете дела се во брз и весел ритам.

-Две нови инструментани дела. Едното е “Инструментал са-са”, тоа е во соработка со мојот колега Ванче Ристески. Тоа е негово дело во мојот ЦД проект и му благодарам за неговото учевство. Второто дело е “Тунта чочек”, за него ќе имаме и видео спот. Тоа е за многу брзо време и ќе видиме како ќе биде прифатено сето тоа од страна на публиката, истакнува Ице.

Идејата за творење на едни вакви две весели дела потекнува токму од тоа што се бара на настапите, претежно свадбените и другите свечености каде што Ице е постојан. Помеѓу другото Ице најавува и снимање на видео запис за “Тунта чочек”, инструментално дело кое ќе остане повпечатливо и прифатливо од страна на публиката и секако ќе биде повеќе свирено и барано на бројните свечености.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*