ПОЗНАТАТА ПЕЈАЧКА НА ОНКОЛОГИЈА

Познатата фолк-ѕвезда Верица Шерифовиќ се лечела на белградскиот Институт за онкологија и радиологија, каде била оперирана од рак на дојка.

Мајка ѝ на Марија Шерифовиќ редовно одела на прегледи, а при еден рутински преглед било забележано дека има малигни промени. Поради тоа итно била хоспитализирана и оперирана.

Марија не се одвојувала од нејзе ниту миг. Таа била многу вознемирена кога дознала дека мајка ѝ е болна, а ситуацијата ја олеснил фактот што заболувањето било откриено во рана фаза и дека лесно се лечи со операција.

Според резултатите по операцијата, Верица е излечена целосно и таа веќе се враќа на сцената со редовни снимања и настапи.

 

ПРЕПРАЧАНО ВИДЕО

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*