Љубовницата на Шабан Шаулиќ ексклузивно: „15 години бев со него, имам право на наследство“

Ивона Неговановиќ Цуца специјално за магазинот „Свет“ открива детали за кои никогаш нема зборувано досега. Пејачката го запознала покојниот фолк-пејач Шабан Шаулиќ кога имала пред 15 години, кога имала само 14 години.

Имав 14 години кога го сретнав во кафеаната во која пеев. Сите ми велеа: Те гледа Шабан, те гледа Шабан… Ми беше срам, што има тој да ме гледа, си мислев… И така почна се’. Потоа ме врати од Босна во Белград и останав тука. Оттогаш не се разделувавме“, вели Цуца.

На прашањето дали и’ е криво што кралот на народната музика никогаш не призна јавно дека ја сака и не застана во нејзина заштита, Цуца одговори:

Би го дала својот живот за него. Тој ми беше се’… Никогаш нема дадено изјава против мене, се’ правевме договарајќи се. Никогаш не сакав да признам јавно дека живееме заедно поради неговите деца. Тој многу ги сакаше своите деца. Илда е божествено дете. Таа беше нешто посебно во животот на Шабан. На неа и’ простуваше се’, како и мене. Ја викаше Линдина. За неговиот прв син Роберт зборувавме постојано, но тајно, кога немаше никој, па дури и човекот што чистеше и работеше во куќата. Јас во никого немав доверба, а Шабан им веруваше на сите. И секогаш бев во право за се’. Чувството зборува повеќе од илјада зборови. Интуицијата е мајка. Шабан страдаше по Роберт, зборуваше дека направил голема грешка и дека никогаш нема да си прости што не можел да се избори со Гордана. Во еден миг го прашав дали направил нешто страшно поради што Гордана го држи во рака бидејќи не можев да сфати како може да зборува толку лошо за жена си, а да не може да ја остави. Верувам дека нејзе не и’ било лесно со него кога биле млади, сепак тој е Шабан Шаулиќ, веројатно страдала многу, но знаете како се вели – каква ти е жената, таков ти е животот. Навистина не ја мразам, само сметам дека не и’ требаше тоа што го правеше. Сите ние имаме деца, и таа и јас, треба да се плашиме од Господ.“

ПРЕПОРАЧАНО ВИДЕО