Драгана Мирковиќ полнолетството на синот ќе го слави во луксузен дворец во Виена

Фолк ѕвездата Драгана Мирковиќ во својот луксузен двор во Виена ќе го прославува 18-от роденден на синот Марко.

Иако нејзиниот син е роден на 24-ти февруари, семејството одлучило славењето да биде сега со цел нивните пријатели и семејството да дојдат во што поголем број.

„Славиме денес затоа што оваа недела се слави и затоа што сите наши пријатели и семејство се раштркани низ целиот свет, сега главно се слободни и можат да дојдат. Доаѓаат од сите краеви на светот, од Швајцарија, Германија…па до Америка, изјави гордо Драгана и додава дека на роденденот ќе има повеќе од 200 гости.

Забавата на Марко ќе биде одржана во нивниот двор и ќе бида прва од таков тип на тоа место.

 

ПРЕПОРАЧАНО ВИДЕО

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*