Почина музичарот Тоше, момчето за кое не се собраа 32 000 евра за лекување

Тажна вест ја обиколи Македонија. Утрово почина Тоше Илиевски за кој се кренаа сите на нозе. Не успеавме да ја добиеме битката во име на Тоше.

За Тоше беа објавувени голем број на апели за помош да му се помогне да замине на лекување во Турција. За жал, Македонија не успеа да ги собере потребните 32.000 евра. Неговата слика со молбата за помош ја имаше насекаде, но не успеа да замине на лекување. За жал, неговата битка сите ја загубивме. А му беа потребни само 32.000 евра.

Tоше беше дел од групата “Егзотик” како тапанар и блиски соработници со ИН продукција.

Неговите пријатели се простуваат со него на социјалните мрежи. Длабока жал и сочувство до неговото семејство изразува и ИН продукција поради неговата голема загуба.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*