Младата Ангела дел од тиквешкиот “Класико бенд”

Одлично се вклопува како женски вокал во “Класико бенд” и покрај тоа што младата Ангела Стевковска насока која е сосема различна од пеењето. Како што открива таа изучува на етнолошкиот факултет веќе трета година а се повеќе ја има и во музичките води. За тоа како успева да го усогласи факултетот со музиката Анела истакнува:

-Лесно. Едно е тоа што ја сакам музиката затоа што  една моја љубова и факултетот исто така го сакам и мислам дека ако се сака може и двете работи заедно да се усогласат и да одат одлично.

За што точно ќе се определи Ангела по завршувањето на факултето сеуште не знае да каже но истакнува дека и двете работи одлично се надополнуваат една со друга.

-Засега сум сконцентрирана само на музика. За понатака ќе видиме како ќе се одвива тоа, додава Ангела.

Ангела е дел од “Класико бенд” каде заедно го реализираат својот нов музички видео проект со неколку стари песни од тиквешкиот крај како и сплетови кои се доста актуелни и барани на музичката сцена.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*