Мадона сега е Мадам Х

Мадона сега е Мадам Икс (Madame X). Кралицата на поп музиката објави кратко видео во кое претстави дел од нова песна и потврди дека нејзиниот нов, 14. албум ќе се вика „Madame X“, пишува „Билборд“.

Таинствената снимка ја следи поп-кралицата како во неколку наврати ја менува облеката, што ја симболизира промената на алтер-егото, а низ видеото објаснува дека Мадам Икс е таен агент кој патува низ светот менувајќи идентитети, борејќи се за слобода.

„Мадам Икс“ ќе биде 14. студиски материјал на Мадона и прв албум од 2015 година, по објавувањето на албумот „Rebel Heart“.

Мадона, исто така, ја откри соработката со колумбискиот пејач и текстописец Малума. Фотографијата од спотот, насловен „Меделин“, беше објавена на Инстаграм.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*