Министерот се поднови со убавец на четири тркала

Познатиот фолк пејач Борче Наумовски-Министерот деновиве се поднови со нов автомобил. Станува збор за автомобил од марката БМВ, каде што Борче ја купи од Германија.

Од својот миленик Борче објави фотографии на својот фејсбук профил каде доби низа честитки и коментари за прекрасниот убавец на четири тркала.

Тој во својата објава напиша:

-Мојата нова кола. Добредојде во нашиот дом.

Претходно Борче со авионски лет отиде во Германија за овој убавец при што се врати директно назад со новиот автомобил.

Што се однесува на работен план Борче минатата година сними два видео записи за негови две песни. За оваа година најавува снимање на нови авторски песни како и видео записи. Секако постојани се и неговите работни ангажмани низ нашата земја.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*