Зоран Ванев: Често ја посетувам Австралија бидејќи тука е најдобрата публика и се прават најдобри забави

Во Мелбурн се чувствувам како дома, вели познатиот музичар Зоран Ванев кој деновиве престојува на кратка турнеј во далечната Австралија. Приликата беше искростена од страна на нашата екипа во оваа земја да се направи екслкузивно интервју со легендарниот Зоран Ванев кој во 90-те години го отпеа својот најголем хит “Ангела, Ангела”. Тој посебно се пофали за своите настапи особено како што наггласи полните закажани концерти кои му се предвидени деновиве.

-Супер е. Дружбата е многу сентиментална и уште кога ќе ја запеам првата песна, чувствувам дека луѓето навистина уживаат во сето тоа како што и забележувате често ја посетувам Австралија затоа што имате најдобра публика, најдобри забави се прават и најубава земја ми е, додава Зоран.

Како што истакнува и самиот Зоран тој е чест гостин на Австралиските концерти, но пред извесен период тој направи и мала пауза.

-Ме немаше две до три години да, сега еве после три години сум тука. Имав многу ангажмани и сега незнам колку е публиката спремна, јас едно пет години студирав на природна медицина во Швајцарија во Цирих и тие пет години одземаа многу време од мојот живот, што се однесува музиката и затоа малку се повлеков во сето тоа. потоа две години откако имам приватна клиника за приватна медицина што значи вкупно седум години се повлеков од естрадата со цел дека не можиш да споиш две професии кои што навистина медицината многу бара концентрација. Сето тоа е завршено и очекувајте во наредните месеци нешто ново, ексклузивно и бомбастично како и секогаш, додава Зоран.

Може слободно да се каже дека Зоран повторно се враќа на големата сцена наречена естрада, со оглед на тоа што најавува дека веќе подготвува нови песни кои се очекува да бидат хитови. Како што самиот додава доколку песната не направи бум во неговото уво, тогаш воопшто е ја снима.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*