Ивана, Елена и Петар подмладок на “Бумбари бенд”

Годинава ја започнаа и ќе измине во знакот на нивниот голем 25 годишен јубилеј на музичката сцена. Станува збор за штипската група “Бумбари” кои со еден голем проект ги одбележуваат овие јубиелјни години од нивното постоење и творење на македонската песна. Пред месец и половина тие реализираа заеднички проект со неколку свои музички колеги во кој се пласираа одбрани народни песни. “Бумбари” не застануваат тука, тие продолжуваат и понатака со свои големи работни ангажмани, како тука во нашата земја, така и надвор од границите.

-Моментално сме повеќе барани тука, претежно во охридскиот дел и за Нова година бевме тука. Инаку приватни забави, веселби и свирки сме низ цела Македонија. Во преговори сме за турнеја надвор од Македонија во текот на оваа година, но сеуште сме во преговори, така што не би откривал многу. Кога ќе има нешто конкретно ќе информираме, истакнува Тони од “Бумбари бенд”.

Во неодамнешниот проект кој го реализираа “Бумбари” заедно со ИН продукција  се појавуваат и младите потомци од членовите на бендот. Ивана , Елена и Петар со свои песни во придружба на родителите. Впрочем од бендот не ја исклучуваат идејата во следните музички чекори да бидат вклучени и нивните деца, односно да излезат со заеднички песни било тоа да се кавери или пак некои нови дуетски песни. Тие во суштина би значеле продолжување на традицијата на бендот и би биле подмладокот на “Бумбари бенд” додава Тони.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*