По 30-те години јубилеј не застануваат тука, продолжуваат натака со нови песни и концертни настани

Минатата година ја заокружија со својот јубилеен концерт од 30 години на македонската музичка сцена. Впечатоците се сеуште тазе и сеуште се зборува за тој голем настан кој оркестар Маестрал од Битола го реализираше пред својата публика во Битола. Посетеноста беше голема како со нивни колеги , пријатели така и со свои фанови и љубители на наивната песна.

-30 години јубилеј во Битола направивме имавме голема бројка гости. Беше прекрасни, многу обожаватели, медиуми и се надеваме дека и 35 и 40 години ќе славиме во Битола, заедно сите во ист состав, истакнуваат од оркестарот.

Но, сепак не ја исклучуваат можноста да направат и некој мини музички настан со цел поголемо заживување на музиката во Битола.

-Во летниот период има иселенички ,Илинденски забави на 1 август во Битола, поканети се сите кои сакаат да бидат дел од таа забава. Претежно овој период после Велигден до крајот на Новата година сме ангажирани со фамилијарни веселби тоа ни е преокупација, додаваат од Маестрал.

Инаку и оваа година “Маестралци ” ја отпочнаа со своја голема австралиска турнеја каде за сите новогодишни настапи беа со нашинците на заеднички веселби во оваа далечна дијаспора.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*