Подготвува два нови албуми покрај јубилејот од 25 години кариера

“Ти само ти”, “Китен девере”, “Солзи врели”, “Љубовен танец” се само дел од бројните хит рефрени кои познатиот Марјан Коцев ги има оставено како трајни музички вредности во богатата македонска ризница. Како што истакнува тој нема да застане тука туку напротив во перидово соработува со бројни музички имиња и групи а подготвува и свој нов материјал. За потенцирање е тоа што оваа година Марјан одбележува јубилејни 25 години од својата кариера, кои симболично ќе ги одбележи со исто толку и концерти.

-Спремам два мои нови албуми. Спремам нешто во стилот љубовна тема, значи како “Ти само ти”, да биде наследник на таа тема. Да биде сосема друг ритам но сепак љубовна тема. Интересно е што незнам зошто сите што ми ги нудат песните , зборуваме за автори на текст. Сите ми нудат за плачење за разделба. Им кажувам доста од тоа. ја гледате ли “Ти само ти”, може да се пее и на крштевка, на роденден, свадба , значи секаде минува. Тоа треба да ни биде репер каков текст треба да се прави. Љубовен каде што секаде може да помине. Имам и печалбарски теми и свадбарски теми, но сакам и таму да направам нешто, но тоа малку ќе потрае затоа што сакам да остане како што останаа многу други мои песни, истакнува Марјан.

Помеѓу другото Марјан истакнува дека многу во македонската музика фалат нови свадбарски песни  кои допрва треба да дојдат на музичката сцена и да си го најдат своето место. Неговиот втор албум како што најавува Марјан ќе биде токму со свадбарски песни.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*