Игор Андреевски од Велес со нов музички проект

Младиот и мошне музички талентиран Игор Андреевски од Велес, деновиве изработи нов музички видео проект со неколку кавер песни во соработка со ИН продукција. Тој е задоволен од остварената соработка, а посебно нагласува дека неговата љубов е народната музика најповеќе од западниот дел на Македонија.

-Станува збор за четири песни од кои две се авторски. Во оваа прилика да ги поздравам Дамјан  Стојаноски и Спасен Силјаноски. Песната од Спасен Силјаноски е “Ќе ти дојдам” а од Дамјан “Мајко чекајме”. Исто имам и две снимени песни од реканскиот дел на Македонија тоа се “Многу шета аго” и “Ќе ми остави”, истакна Игор.

Со оглед на тоа што Игор ја сака и негува музиката, според него најдобро му лежи овој стил на пеење. Игор бележи и самостојни настапи на свадби и други свечености. Неговата љубов кон музиката се јавува од најраната негова возраст, а генетски ја наследува од неговата мајка.

-Пред се морам да споменам, мајка ми потекнува од музичка фамилија, можеби ете од таму генот си продолжува, па од некој мои 6/7 години почнав да се бавам со музика. Првите чекори беа свирењето  на пијано. Сеуште се занимавам со тоа, сум трета година на факултет во Скопје, на отсек музичка уметност. Пеењето ми е од истата годишна возраст , но млаку подоцна додека ми се оформи гласот, истакнува Игор.

Преголемата љубов кон народната песна кај Игор буди уверување дека ќе успее токму во вој правец на музика, како и средината во која се наоѓа опкружен со своите колеги како Дамјан, Влатко , Спасен кои дополнително му даваат поттик за да навлезе уште подлабоко во водите на народниот македонски мелос.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*