Маестро Завков со препорака кон младите генерации да го негуваат фолклорот бидејќи по тоа не препознаваат насекаде низ светот

Незаменлив во македонската музичка естрада, маестро Милан Завков четири децении активно создава и твори народна музика притоа оставајќи зад себе трајни вредности за новите генерации. Во својот пребогат музички опус покрај делата кои ги има создадено за себе, тој е вешто вткаен и во многубројните хит песни како автор на музиката кои и денес се пеат. Но, како што вели не застанува тука, продолжува и понатака да создава и твори народна музика, било таа да биде песна или инструментално оро.

-Авторски сум секогаш застапен како на инструментален план, така и на авторски мои новосоздадени песни. Учевствувам на сите наши престижни фестивали како што се “Валандово”, “Цветници”, “Охридски трубадури”, “Филиграни”. Соработувам со врвни пејачи од нашата македонска естрада имам направено многу музички дела. Некаде околу 40-50 свои авторски ора. Така да имам оставено еден белег, печат на македонската народна музика. Препознатлив сум по својот стил на свирење, истакнува маестро Завков.

Тој како препорака на младите генерации истакнува и тие да се насочат кон творење на овој вид музика, затоа што како што вели по тоа не препознаваат и тука и насекаде во светот.Фолклорот е нешто што ние најдобро го знаеме и по кој насекаде не препознаваат, додава Завков.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*