Иако не е многу експонирана на музичката сцена, Сара долги години се занимава со пеење

Сара Камчева е релативно ново музичко име на естрадата која се појави пред поширокиот музички аудиториум при неодамнешниот заеднички проект со гостиварскиот бенд “Фаворити”. Сепак, таа зад себе има долго музичко искуство од околу осум години, а сега одлично се надополнува во овој бенд, каде претежно настапуваат заедно.

-Со музика се занимавам веќе 7-8 години, константно со пеење. Почнав да пеам рок музика а потоа си продолжив со народно. Пеев рок заедно со мојот татко кој свири на бас гитара, каде што и на моите останати три песни се јавува како автор на текстот, истакнува Сара.

Сара веќе многу добро чекори периодов во народната песна, која ја пее и негува. Претежно Сара е со настапи во гостиварско-тетовскиот крај, каде публиката може да ја види заедно со бендот “Фаворити”. Недоамна во заедничка соработка со ИН продукција го одработија и својот нов музички –видео проект во кој посебно се одбрани весели свадбарски песни.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*