Група “Зрак” најзастапена со настапи во источниот дел на Македонија

Неодамна при неговото гостување во ИН Драган Трајановски ја промовираше својата нова песна која носи наслов “Наде”. Помеѓу другото неговите планови околу оваа песна се да сними и видео запис, со цел песната да биде повеќе слушана и пласирана пред музичката публика. Драган истовремено е член и на гевгелиската група “Зрак” каде околу 20 години ја негуваат и пеа македонската песна. Околу тоа дали во Гевгелија се слуша народната песна Драган истакнува:

-Се негува. Доста доволно се негува. По свадбените веселби, по приватните забави, па и по рестораните се негува доста, ја пренесуваме и понатака. Се трудиме да ја пренесем на младите. Знаат и луѓето што да одберат. Знаат што да слушаат по радиото и слично, додава Драган.

Групата “Зрак” која брои пет членови исто така бележи и бројни настапи особено во источниот дел на нашата земја, како и настапи на нашите фестивалски изданија.

-Претежно настапуваме Гевгелија, Струмица, Валандово, Богданци, Дојран и низ Македонија каде што ќе не повикаат но претежно во овој дел. Имаме снимано и нови песни. Имаме две свои песни. Две песни имаме за фолк фест Валандово, некои обработки на стари македонски песни. Сме биле учесници во Лешок на фестивалот, истакнува Драган.

За периодов кој следува Драган заедно со група “Зрак” веќе имаат доста закажани работни ангажмани а не ја исклучуваат можноста и да настапат на некои од фестивалските изданија во нашата земја.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*