“Црешово топче” наскоро со промоција на вториот спот за песната “Една Марија”

Неодамна крушевската група “Црешово топче” го промовираа своето прво музичко дело “Фанки 9-ка” за кое снимија и видео запис во соработка со ИН продукција. инструменталката е комплетно дело на Љупчо Богатиновски а е во реализација на целата група. Како што истакнува авторот на инструменталката Љупчо, идејата за едно вакво оро потекнува токму од модерните и современи примеси кои се почесто се внесуваат во фолк музиката.

-Идејата пред се беше да се направи нешто поново, нешто помодерно, нешто со примеси на народната музика и примеси од надворешниот свет, затоа што тоа е моментално различно од сето друго што се случува во моментов и сакавме да биде малку поинтересно за гледачите и слушателите, истакнува Љупчо.

Во досегашните настапи на “Црешово топче” честопати го отсвируваме ова музичко парче при што публиката делувала доста заинтересирана околу овој интересен музички дел. Групата брои шест членови кои одлично се вклопуваат и надополнуваат на музичкиот подиум, а постојат околу година и половина. Бележат повеќе настапи во Крушевскиот регион како и околината на Битола и Прилеп, впрочем каде што веќе публиката многу добро ги знае.

За краток период “Црешово топче” ќе го промовираат и вториот видео запис за нивнаата авторска песна “Една Марија”.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*