По пауза од три години Цаки сака повторно да оди на турнеја во Австралија

Последниве две години е постојано со настапи надовр од нашата земја.Впрочем и самиот Цаки  од групата “Кисми”го потврдува овој став, дека е постојано во движење и низ бројни кратки турнеи.

-Да, сум. Некако оваа година и минатата, така тргна, некако сум повеќе надвор отколку тука. Па, фала на Господ, добро е. Постојано сум со настапи. Сега на 29-ти одиме за Франција, 5 и 6-ти сме во Италија. Очекуваме турнеја во Австралија, па Канада ќе видиме како ќе испадне, истакнува Цаки.

Околу австралиската турнеја Цаки истакнува дека добри три години не е отиден во оваа далечна земја и дека посакува да отиде.

-Единаесет пати скоро секоја година сум одел, сега малку пауза.Пред Нова година промовиравме нова песна “Чувајме за крај” која е балада а сега правам побрза, пожива песна но после “Милионерче ” и “Жумате” никао да најдам некој голем хит, но се надевам дека ќе направам нешто, истакнува Цаки.

Како што додава Цаки,  песната “Милионерче”  постана лична карта и таков хит тешко се раѓа.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*