Жeлбата кон музиката кај Божидар тлеела долг период

Своите музички почетоци младиот талентиран музичар Божидар Николовски ги бележи со кавер верзијата на песната “Осамен” од Трајче Манев. Едноставно, како што вели тој имал преголема желба да ја отпее оваа песна па така дошло сето тоа сосема спонатано и случајно.

-Кога го снимив тој кавер навистина немав никаква музичка подготовка. Тоа едноставно беше желбата која што ја имав кон музиката и чисто вежбање по дома. Така започна се и голем број портали ме подржаа. Телевизиите се поголемиот број ограничени, но сепак има телевизии кои што знаат да го препознаат талентот, желбата, љубовта кон музиката и луѓето кои што навистина се трудат и мислам дека токму поради тоа имаме мотив сите ние естрадни уметници да се бориме и да се промовраме по овие наши телевизии, истакнува Божидар.

Музиката впрочем претставува прва љубов на Божидар. Како што додава тој од секогаш сонувал да стане пејач и љубовта кон музиката останала длабоко да тлее во него.

-Можеби поради обврските кои ги имав тоа време бидејќи од почетокот на моето средно образование и крајот на основното бев волонтер во Црвениот крст. Таму бев волонтер шест години и можеби поради сите тие обврски дозволив желбата да остане и да тлее некаде во мене, но можеби и сето тоа е направено со причина. Се што ни се случува се случува со причина па верувам дека следува нешто подобро, додава Божидар.

Со оглед на своите млади години Божидар во периодов е на студии на бизнис менаџмент во Битола на отсекот естраден менаџе на бизнис Академијата “Смилевски” во Битола. Одбраната насока во своите студии најверојатнмо ќе му помогнат во голема мерка да се усоврши и изгради како комплетна музичка личност за која допрва ќе се слуша многу повеќе з него на македонската естрада.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*