“Екстра бенд” –Битола се враќаат со новитети на музичката сцена

По еден краток период на музичката сцена, битолскиот “Екстра бенд” повторно се враќаат со свој голем камбек. При гостувањето во ИН продукција на овој бенд заедно со вокалот Јована, најавија бројни новитети кои ги подготвуваат за периодов кој следува. Помеѓу другото тие имаат и нов член во групата.

-Беревме сили и некои новитети кои што ќе ги воведиме во групата. Имаше неколку шпекулации дека групата веќе не постои, но оние кои што најдобро не знаат и не познаваат и во приватниот живот знаат точно за што се работи, дека нормално со нови сили и со нов член во групата “Екстра бенд” од Битола заедно со нашата колешка Јована имаме неколку новитети кои ќе ги воведиме, така што мислиме дека се ќе оди подобро, истакнува Дејан од  бендот.

Она што е новина во бендот е нивниот нов член тапанар, а другите си остануваат истите членови. Долго време со групата е и препознатливиот женски вокал Јована, која одлично се вкопи.

-Новиот член, тапанарот Дејан Трајкоски, соло клавијатура и хармоника Диме Лазарески и дувачки инструменти Александар Стојноски, истакнува Дејан, вокалистот на групата.

-Заедно сме речиси две години. Пред една година откако започнаа нашите подготовки за заедничката турнеја во Америка, бевме таму три месеци, се вративме, не се гледавме толку често заради тоа што јас ги завршував моите работни обврски надвор од Битола. Инаку сега живеам во Битола, меѓутоа дел од свирките ми беа во Куманово , Скопје и други градови и имавме неколку заеднички свирки. Сега повторно не спои нашата зедничка соработка и идни планови, додава Јована.

За многу брзо време од “Екстра бенд” најавуваат и нов  проект како и нови песни.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*