Младата Драгана деновиве ќе настапи на два фестивали во Москва

По стапките на мама Тања Јованоска  така и ќеркичката Драгана со низа успеси во својот музички правец. По минатогодишниот голем успех, сега веќе Тања и ќеркичката Драгана повторно се во подготовки за настап на фестивал надвор од нашата земја, во Москва.

-Со Драгана веќе во сред на 27 март заминуваме за Москва каде што имаме два фестивала. Требаше да биде само еден фестивал, но во меѓувреме ни се јавија дека на 30-ти март се одржува и друг фестивал каде што доби специјална покана како минатогодишен победник до Русија, како што знаете лани од Русија се вративме со освоено прво место, па сега како победник ја поканија на истиот тој фестивал и ќе биде рамноправен учесник на фестивалот, значи повторно ќе се бориме за првото место и се надевам дека од два фестивали ќе се вратиме повторно со награда. Како мајка викам, еднаш бевме земавме прво место сега ќе го земеме Гранд прито, истакнува Тања.

На фестивалот на кој што ќе настапува Драгана ќе има две вечери на кои ќе отпее две песни , од кои едната вечер на мајчиниот јазик, каде ќе пее песна од Влатко Лозаноски “Ако има надеж”, а втората вечер е странската вечер на хитови каде ќе отпее песна од Селин Дион. Очекувањата на Тања се големи и пред се позитивни.

-Како и секоја мајка, секогаш се најубаво но не сум од тие мајки што стремам да мора да се земе награда. Важно ни е пред се и нејзе да се учевствува а јас сум тука да и помогнам, да бидам ветар во грб. Секогаш ја има мојата поддршка. Важно е да се учевтсвува, не е важно да се добие награда. Таму сме , учевствуваме, запознаваме нови луѓе, истакнува Тања.

Минатата година Драгана бележеше и учевство на “Славјански базар”. И овојпат и посакуваме голем успех на Драгана, да ја претстави нашата земја во најубаво светло и секако нека се врати со Гран при.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*