“Мелем за душа” наскоро промоција на првиот авторски албум од Стојне Николова

Младата струмичанка Стојне Николова веќе го привршува својот нов албум за кој наскоро ќе има и промоција. Ова е нејзин прв авторски албум кој ќе биде насловен “Мелем за душа”. Овие податоци ни ги откри нејзиниот менаџер со кој Стојне е во долгогодишна соработка Бобан Мојсовски.

-Стојне го завршува нејзиниот прв авторски албум. Ќе биде насловен “Мелем за душа”. Пред два дена заврши со новата песна која се вика “Ајде мајко спремај дарови”, убава свадбарска песна. Ќе ка промовираме за кратко заедно со албумот. Планираме за недела до две да биде готов и албумот, истакнува Бобан.

Покрај бројните настапи на Стојне и Бобан, неодамна тие беа дел и од настап во Дизелдорф, Германија при покана да гостуваат од страна на едно македонко-турско друштво.

-Дриштвото беше македонско-турско, имаше со нас гости од Турција, од Маниса. Окрестарот на Ершан, којшто свиреа со нас заедно, паралелно тие па ние па потоа се измешавме и така а интересно беше тоа што тие многу свиреа македонска музика. Инаку добивме понуда за Турција бидејќи имаше многу гости од Маниса, Измир од Истанбул. Добивме понуда со Стојне или крајот на август или почеток на септември, меѓутоа сигурно ќе биде во Измир. Деновие треба да се договориме. Поминавме навистина прекрасно, истакнува Бобан.

И во периодов кој следува Стојне и Бобан се неуморни во поглед на своите преголеми работни ангажмани, со постојани настапи низ нашата земја но и надвор на кратки трунеи.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*