Ангел ја промовираше својата нова песна “Моја Јована”

При гостувањето во ИН продукција Ангел Стојкоски ја промовираше неговата нова песна со наслов “Моја Јована”, песната е напишана од страна на Ташко Грујовски, a исто така и музиката и аранжманот кои беа снимени во неговото студио.

  • Морам да ги поздравам ИН продукција како моја поддршка, им се заблагодарувам што за прв пат ќе ја промовирам мојата песна тука во вашето студио. Ташко Грујовски е текстописецот, музиката и аранжманот беа снимени во неговото студио. Илија Тотоски како мој соработник беше на клавиатура, Христијан Матлиоски е на саксофо, истакна Ангел.

Неколку дена пред неговото гостување во нашето студио Ангел ја објави негоата песна на социјалната мрежа Facebook каде што добил многу позитивни критики и коментари од страна на публиката. Народот очекува повеќе песни од страна на Ангел во иднина.

  • Насловот на песната е “Моја Јована” а критиките се секогаш позитивни за мене, народот очекува да продолжам да правам песни и да продолжам во тој стил што најмногу го сакам, благодарен сум на критиките затоа што од тие учам, додава Ангел.

Покрај 8-ми март кои што поминал преубаво за него тој се пподготвува  за Велигденските празници каде што започнуваат неговите нови агенди и за летниот период кој ќе го посвети на свадби, крштевки и други манифестации.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*