По јубилејот ќе снима нови песни и спотови

Годинава има голема мисија пред себе, јубилејот од 25 години на македонската естрада да го круниса со исто толку и концерти, но што ќе следи потоа веќе е во размисла Марјан Коцев. Како што вели и самиот се запрашал , ќе помине оваа година ќе се одбележат јубилејните години но за следната година сеуште нема осмислено.

-Што следната година? Не би можел да кажам ете можеби ова друго ЦД што го спремам, моето, четврто по ред. Имам две три песни готови. Два три текста се готови, треба да се прави музика, но ќе треба уште. Тука ќе треба да се работат и видео спотови. Значи пак ќе има работа и другата година. Кога ќе се заврши сето тоа па ќе треба да се прави промоција. Во секој случај ќе има пак работи и следната година, настапи и слично, истакнува Марјан.

Неодамна Марјан го имаше својот петти по ред концерт во Швајцарија каде заедно во придружба на легендарните Анета и група “Молика” приредија незаборавна вечер пред македонците во оваа земја.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*