“Црешово топче” задоволни од својата досегашна работа

Пред само извесен период крушевската група “Црешово топче” снимаше два нови видео записи за песната “Една Марија” и инструменталното оро “Фанки деветка”. Неодамна беше и официјалната промоција на “Фанки деветка” а за многу брзо ќе излезе и новиот спот за “Една Марија” од страна на ИН продукција. Групата брои вкупно шест членови кои одлично се надополнуваат и творат во музиката.

-Групата брои шест членови, Ѓоко Костоски кој свири хармоника, Љупчо Богатиноски кој свири труба, Игор Иваноски  кларинет, Сократ Хасану свири бас гитара, Зоки Настески е тапанар во групата. Оваа група постои прилично долго време , околу 15-тина години , меѓутоа во овој состав кој што малку го променивме, и го освеживме со нови членови постои околу година и пол. Задоволни сме од работата која што ја имаме во моментов , сепак не сме многу промовирани , изрекламирани по однос на телевизиите, се надевам од сега па натаму ќе биде подобро. Во секој случај задоволни сме и од работата досега и се надевам дека уште долго време ќе опстојуваме на естрадата,истакнува Васко Јанкуловски кој свири клавијатури и се јавува како вокал на групата.

Со оглед на тоа што групата потекнуваат од релативно мало место како што е Крушево, сепак тие се задоволни од својата работна ангажираност, со оглед на тоа што се барани во повеќето соседни градови каде се познати и промовирани.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*