Даниел Јованоски ново музичко име на естрадата

Младиот Даниел Јованоски кој потекнува од Гостивар, полека но сигурно се пробива на музичката естрада во нашата земја. Денеовиве при неговото гостување во ИН продукција, Даниел ја промовираше и својата прва песна која е со печалбарска тематика , насловена “Домот мајко да израдувм”. Даниел од најараната возраст своите почетоци ги има со музиката каде завршува основно музичко, продолжува и со средно музичко како и високото образование го има со музиката.

-Станува збор за една народна песна, печалбарска, која ја сработивме со Златко Миладиноски кој е автор на аранжманот и музиката и Драган Матески кој е автор на текстот, истакнува Даниел.

Даниел повеќе ја преферира народната песна, како што вели многу повеќе се пронаоѓа во овој правец на музика.

-Се одлучив уште како помал за народна музика, уште кога се запишав во музичкото  училиште во Гостивар. Одев таму седум години основно, потоа се одлучив за средно да продолжам, па учев средно во Тетово четири години средно па потоа решив да продолжам на факултет.бев запишан прва година на опера, кај професорката Марија Муратовска но засега го оставив во мирување, додава Даниел.

По промоцијата на новата песна, Даниел планира да снима и видео запис за истата во соработка со ИН продукција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*